lunarni kalendar
lunarni kalendar
Prometej Beograd
Knjige ›› Viktimologija ›› Меѓународни Стандарди за Семејно Насилство и Нивната Имплементација во Западен Балкан
 
Меѓународни стандарди за семејно насилство и нивната имплементација во Западен Балкан

МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО И НИВНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

Весна Николиќ-Ристановиќ
Мирјана Докмановиќ

превел: Лазар Попов
ISBN
Обим
Формат
 86-82363-69-0
 248 стр
 B5
Содржина
RASPRODATO!
 



"Овој извештај е резултат од проектот насловен "Поддржете ги човековите права на жените во Западен Балкан", спроведен од страна на Humanistisch Overleg Mensenrechten - НОМ (Хуманистичка комисија за човекови права), невладина организација од Холандија, и од страна на невладините организации од следните земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија и Црна Гора."



„Насилството над жените е веројатно најсрамната повреда на човековите права. Тоа не знае за географски, култпурни или граници според богатството. Се додека тоа насилство продолжува, неможеме да тврдиме дека постигнуваме реален прогрес кон еднаквост, развој и мир"
Кофи Анан, Генерален Секретар на Обединетите нации


"Денес, заштитата на човековите права, особено заштитата од насилство, прерасна во крупно прашање и на глобално и на национално ниво. Практично, сите теми за кои се разговара на разни форуми се поврзани со основните човекови права и слободи. Ова прашање е нагласено присутно при формулирањето и спроведувањето политики насочени кон борба против насилството и елиминирање на разни видови дискриминација. Кога зборуваме за насилство, тоа обично се однесува наулично насилство и оружени конфликти. Но, најраспространетата форма на насилство во голема мера останува невидлива и неадекватно третирана од страна на државата, иако се случува во сите општества. Ова е насилството на мажите врз жените во приватната сфера, т.е. во домот и во интимните односи далеку од очите на јавноста.

Поради степенот во кој се јавува, насилството над жените е главна загриженост во поглед на човековите права. Агресијата во приватниот живот е само една форма на насилство од кое страдаат жените, но се случува во сите земји и во сите општествени класи. Во секоја земја во која се достапни сигурни, опсежни студии, помеѓу 10% и 50% од жените пријавуваат дека биле физички злоставувани од страна на својот интимен партнер во текот на животот. Студиите кои почиваат на анкети на населението известуваат дека помеѓу 12% и 25% од жените минале низ искуство на принуден секс или обид за тоа од страна на интимниот партнер или бивш партнер. Во 1998 г., насилството меѓу партнерите била десеттата најголема причина за смрт кај жените на возраст од 15 до 44 години.

Дваесет и пет проценти од сите насилни кривични дела регистрирани во Европа вклучуваат насилство на мажите над своите сопруги или партнери. Тие податоци во неодамнешните извештаи на Светската здравствена организација и Европскиот парламент се само неколку илустрации за големината на проблемот. Сигурни истражувања укажуваат на тоа дека насилството над жените, особено во приватната сфера, претставува закана за физичкиот и менталниот интегритет и животот на милиони жени и девојки секојдневно, без оглед каде живеат. Најголемиот дел од студиите за насилство над жените покажува дека сторителите на тие дела се речиси исклучиво мажи; дека жените се изложени на најголем ризик од мажите кои ги познаваат и дека жените и девојките се најчестите жртви на насилство во семејството и помеѓу интимните партнери."

"Овој извештај се состои од пет глави. Првата дава воведни коментари и го воведува материјалот на кој се заснова извештајот, како и историски податоци за земјите вклучени во истражувањето. Во втората глава се претставени информациите кои ни се на располагање во однос на фактичката ситуација и преваленцијата на семејното насилство во земјите-учеснички. Третата глава дава кус преглед на релевантното меѓународно право: што се тоа меѓународни стандарди, каде може да ги најдеме и што се очекува да направат државите. Дадено е и резиме на работата на ОН, Советот на Европа и Европската Унија на полето на борба против семејното насилство, заедно со меѓународните стандарди од оваа област. Во четвртата глава, утврдуваме дали тие стандарди правилно се спроведуваат во земјите-учеснички и зборуваме за истражувањето. Главното прашање на истражувањето беше дали владите ги исполнуваат меѓународните стандарди на ова поле. Во последната глава, ги презентираме значајните наоди на студијата во поглед на улогата на невладините организации (НВО-и) во земјите-учеснички во заштитата и спречувањето на семејното насилство, и заговараме подобро спроведување на меѓународните стандарди. Извештајот завршува со оцена на степенот на спроведување на тие стандарди од страна на владите во регионот и во која насока тие треба да ги подобрат своите закони и политики."

Мирјана Докмановиќ
 








Reforme Evropske Unije

Reforme Evropske Unije

Umetnost vodjenja ljubavi
Umetnost vođenja ljubavi

Nikola Tesla
Nikola Tesla

Na vrh stranice -:|:- Gde kupiti knjige?
Copyright © IGP Prometej Beograd 2006-2022